Милески: Поради Заевата “бомба” за Нешковски се случија страшни немири, а сега ја слушаме вистината, Заев мора да одговара

Фејсбук статус на Роберт Милески.

Роберт Милески кој учествуваше во протестите против Владата на Никола Груевски ја прокоментира новата “бомба” од Ел Чака, која дава ново светло за убиството на Мартин Нешковски и протестите што ги предизвика таа аудио снимка.

Не заборавајте дека заради Заевата “бомба” за Нешковски, која е така составена да остави сосема поинаков впечаток за вмешаност на Груевски во целата работа (тој разговор е единствен кој Груевски го поврзува со случајот), а сега ја слушаме вистината, се случија страшните немири на 5 мај во кои имаше повредени десетици полицајци! 

Ако сакаме да изградиме правна држава, Заев во слободна Македонија за ова мора да одговара! Тој точно знаејќи што ќе се случи манипулираше со народот, спремен дури и да ги жртвува во протестите само за да дојде на власт!, напиша Милески.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top