„Милионерите“ им одат на нерви: Летово Јунајтед веќе загубил една војна од Дортмунд

Во екот на шпекулациите за можниот трансфер на Џејдон Санчо, англиските медиуми утринава објавија дека Манчестер Јунајтед и Борусија Дортмунд веќе имале еден индиректен судир летово..

Во центарот на вниманието бил 17-годишниот англиски талент Џад Белингам кој за 25 милиони фунти замина од Бирмингем во Борусија. За него заинтересиран бил и Јунајтед, но Солскјер не сакал да му одобри неделна плата од 56 илјади фунти и покрај тоа што очекувал младиот фудбалер да забележи барем 20 настапи претстојната сезона. Норвежанецот можеби и не е виновен за ваквата проценка затоа што во тој период беше нејасна иднината на Алексис Санчес кој на крајот го напушти клубот и ослободи над 18 милиони фунти во буџетот за претстојната сезона.

Сега Борусија Дортмунд има двајца големи англиски таленти, а за двајцата е заинтересиран Јунајтед. Јасно е дека бундеслигашот ќе има голема заработка од нив. Пред три години Санчо беше купен од Манчестер Сити за осум милиони фунти , а сега неговата вредноста се проценува на над 100 милиони. Белингам е купен за 25 милиони фунти, а може да се очекува за некоја година да биде продаден за барем четири пати повисока сума.

Големиот интерес за Санчо е причина што Борусија Дортмунд не сака да слушне да попушти во врска со отштетата за Санчо за кого бара 108 милиони фунти.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top