Милитантната група ИД одговорна за нападот во Париз

Одговорноста за вчерашниот напад на Елисејските полиња во Париз во кој бил убиен еден полицаец, а двајца сериозно повредени ја презеде милитантната група Исламска држава..

Францускиот претседател Франсоа Оланд оцени дека станува збор за терористички инцидент и најави „апсолутна претпазливост“ во деновите пред претседателските избори на 23 април. 

Неколкумина претседателски кандидати ја прекинаа кампањата, а имаше и барање за одложување на изборите. Француската полиција соопшти дека напаѓачот бил убиен и оти по се изгледа дејствувал сам. Тој го паркирал своето возило до полициски автомобил при што почнал да пука од автоматска пушка.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top