Милошоски: Додека Грција претседава со ЕУ прашањето за спорот ке се избегнува

Грција ке го избегнува прашањето за името додека претседава со ЕУ..

Пратеникот Антонио Милошоски смета дека за време на Грчкото претседателство со ЕУ, Грција ке го одбегнува решавањето на спорот.

Не очекувам ниту ПАСОК, односно министерот за надворешни работи Евангелос Венизелос, ниту Самарас, како премиер на грчката влада да имаат попрагматичен став по однос на Македонија. 

Тие ќе го одбегнуваат решавањето на спорот и за време на грчкото претседавање со ЕУ сметам дека ќе се обидуваат ова прашање да не дојде на дневен ред. 

Ќе беа среќни ако Македонија не го усвоеше извештајот и ако имавме внатрешен проблем и хендикеп за да ја задржиме препораката. Но и во случај кога го имаме извештајот за македонското Собрание сметам дека ќе се обидат да го одложат нашето прашање, изјави Милошоски.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top