Милошоски оди во самоизолација

Милошоски е кандидат за пратник на листата на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните избори..

Поранешниот пратеник и министер за надворешни работи Антонијо Милошоски на својот Фејсбук профил објави дека оди во самоизолација, затоа што неговата мајка била позитивна на ковид-19. 

Таа работи како медицинска сестра во болницата во Кичево. Милошоски имал кратка средба со мајка му пред пет дена во Кичево и поради тоа надлежниот епидемиолог од Битола му пропишал мерка самоизолација до 6-ти јули.

Тој информира дека се чувствува добро и дека засега нема никакви симптоми. Посочи дека до 6-ти јули ќе има две задолжителни тестирања од надлежните медицински лица.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top