Милошоски пушти „бомба“ од говорница, власта во трка за 80 пратеници за законот за ЈО

Мнозинството членови на Комисијата за европски прашања дадоа зелено светло за законот за јавно обвинителство..

Не беше прифатен амандманот на Алијасата на Албанците со образложение дека неговото прифаќање ќе ја отвори Пандорината кутија и може да има нови барања од партиите.Антонио Милошоски од ВМРО ДПМНЕ од говорница пушти аудиоматеријал кој го добил од укажавувач а во кој се споменува лицето со иницијали З.З кој зборува за финансирањето на телевизијата на Бојан Јовановски.

ТРАНСКРИПТ- З.З. „Го прашав Боки бе од каде бе тие парите за телевизијата? Ми вика: имав еден фраер од Хрватска и од Циле, (Силјан Мицевски) што му легнаа пари тогаш за старечките домови, ако знаеш.

З.З. Ние на неколку пати така му помогнавме во телевизијата, главно за маркетинг, тоа беше уште порано лани октомври-ноември 2018-та година”.

Министерката Дескоска го повика Милошоски да поднесе пријава во ЈО.

Законот за ЈО беше усвоен и на законодавно правната комисија. Претседателот на Комисијата за европски прашања Артан Груби најави дека по интервенците во текстот, ДУИ ќе даде подршка.

Законот ќе се стави на пленарна седница оној момент кога ќе се обезбедат 80 пратеници. Засега неизвесни се гласовите на пратениците од Алијансата , Беса и Елизабета Канческа Милеска.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top