Милошоски со нов тајно сниман разговор на лидерот на СДСМ, Заев вели ВМРО ДПМНЕ се закопа

На адреса на ВМРО ДПМНЕ и Антонио Милошоски свиркач доставил нов разговор, во кој има само еден учесник.

Така денеска тврдеше Милошоски од седиштето на ВМРО ДПМНЕ од каде преку телефон ја пушти аудио снимката на која вели дека се слуша само гласот на екс премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев.

По заедничкото преслушување со новинарите Милошоски тврдеше дека со ова се докажува дека Заев се мешал во одлуките на судската власт.

За само еден час по пуштање на снимката интернет порталот прес 24 објави обемно интервју со Заев. Меѓу другите одговори на прашања тој го споменува и денешниот случај со снимката.

Зоран Заев – претседател на СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се закопа, пушта снимки од разговори од време кога сите знаеја дека предметите на СЈО беа под закана – Милошоски го знае новиот закон, тој, Груевски и Мицкоски знаат дека предметите ќе добијат пресуди врз основа на обезбедените докази.

Целиот одговор на прес конференција од партиското седиште го прочита и Хари Локвенец. Од СДСМ тврдат дека разговорот е снимен тајно во време кога се воделе преговори за законот за јавно обвинителство.

Инаку ова е втор пат Милошоски да пушта снимка во која се слуша само Заев. Првата ја пласираше од говорница во собрание, а по тоа ја однесе и кај обвинителката Вилма Русковска. И после втората очекува обвинителството да го повика Заев на разговор.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top