Милошоски: Во овие моменти непристојно е да се мисли на избори

Дегутантно и непристојно е во моменти кога имаме најголем број заболени во регионот да лицитираме со датуми за избори, рече на денешната прес конференција Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што кажа тој, во следниот период, наместо на избори целиот потенцијал да се стави во интерес на надминување на пандемијата и ставање под контрола на бројот на заболени и починати.

„ВМРО-ДПМНЕ како партија и организација е секогаш спремна за избори, но во овој момент, следните две три недели најдобро е цела држава да ги стави сите ресурси на располагање, да ја сузбиеме пандемијата и да го намалиме бројот на заразени и за жал починати, а по однос на одредување на датумот навистина е непристојно и дегутантно во момент кога имаме најголем број на заразени во регионот ние да лицитираме со датуми. Тука би сакале да продолжи политичкиот дијалог со сите останати политички партии врз основа на здравствените параметри“, рече Милошоски.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top