МИМ: Законот за медиуми е непотребен

Загрижени сме за можноста ваквиот тек на настаните дополнително да ја влоши медиумската состојба.

Изненадени сме од вчерашните изјави на Владата и на ЗНМ, и ја информираме медиумската заедница и јавноста дека за постигнатата согласност за усвојување на медиумските закони во итна постапка и во форма во која законите веќе се наоѓаат во собраниска процедура дознавме од медиумите. Вчудоневидени сме од најавата за дополнителни измени во законите, откако ќе бидат усвоени. Изјавите на вчерашната прес-конференција и искажаните ставови потоа се контрадикторни и создаваат дополнителна забуна.
Ние остануваме на ставот дека законот за медиуми е непотребен и не ги решава клучните проблеми на медиумската заедница, туку напротив, има потенцијал да создаде нови. Загрижени сме за можноста ваквиот тек на настаните дополнително да ја влоши медиумската состојба и да создаде уште поголем раздор во медиумската заедница.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top