Минхен: Заев и Ципрас наградени за Договорот како придонес кон светскиот мир

Премиерот Зоран Заев и неговиот грчки колега Алексис Ципрас вечерва во Минхен ја примија специјалната награда Евалд фон Кластер на Минхенската конференција за безбедност..

Тие беа поздравени со аплауз додека ја примаа наградата за нивниот придонес во меѓународниот мир и мирно решавање на споровите преку Преспанскиот договор.

-Голема чест за граѓаните на Северна Македонија и Грција, напиша Заев на Фејсбук.

Претходно, Заев и Ципрас учествуваа на панел дискусијата „Разговор со добитниците на наградата „Евалд Фон Клајст“, посветен на иднината на Западен Балкан. Како што информира владината прес-служба, премиерот Заев истакна дека „на денешниот панел зборуваме за регион кој се менува, кој станува сѐ повеќе европски и кој испраќа позитивни пораки и за другите“.

-Им го посветуваме Договорот на младите генерации за нивната иднина, вредеше, рече Заев.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top