Министерката за надворешни работи на Австралија ќе ја посети Република Македонија

Министерката за надворешни работи на Австралија Џули Бишоп во посета на Република Македонија, Хрватска и Србија.

Министерката за надворешни работи на Австралија Џули Бишоп ќе ги посети Хрватска, Република Македонија и Србија од 9 до 15 Јули 2017 година.

Целта на посетата е зајакнување на  билатералните односи и унапредување на економските и безбедносните интереси на Австралија во регионот.

Оваа година Хрватска и Австралија прославуваат 25 години дипломатски односи и по тој повод Џули Бишоп  ќе се сретне со претседателката Колинда Грабар-Китаровиќ, со премиерот Андреј Пленковиќ и со министерот за надворешни работи, Марија Пејчиновиќ Буриќ, при што ќе се разговара за  начините за градење на добри билатерални односи, како и за силни меѓусебни врски меѓу луѓето и промовирање на можности за австралиските извозници. Исто така, ќе присуствува на настанот на Факултетот за електротехника и компјутери при Универзитетот во Загреб, за да го промовира учеството на младите жени во науката, технологијата, инженерството и математиката.

Министерката Бишоп  ќе биде првиот австралиски министер за надворешни работи кој ќе оствари официјална посета на Хрватска и на Република Македонија.

За време на нејзината посета на Македонија, ќе се сретне со премиерот Зоран Заев и со министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на разговори за низа билатерални и регионални прашања. Исто така, ќе се сретне и со невладина организација која работи со поддршката на австралиската влада за да помогне да се стави крај на насилството врз жените.

Во Србија министерката Бишоп ќе оставари средба со премиерот Ана Брнабиќ и со министерот за надворешни работи, Ивица Дачиќ, и исто така ќе се разговара за билатералните односи меѓу двете земји и растечките трговски односи. Исто така, ќе се сретне и со австралиски бизнисмени кои работат во регионот за да разговараат за можностите за зголемена соработка, вклучително и во рударството, како и да ги промовираат напорите за економско зајакнување на жените со локален невладин партнер. За време на посетата на Србија, Џули Бишоп ќе го посети и ќе добие информации за Проектот за археологија на Глак, во кој Универзитетот во Сиднеј е водечки партнер.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top