Министерката за надворешни работи во посета на Дебарца

Вчера во посета на општина Дебарца беше Министерката за Внатрешни работи на Република Македонија Гордана Јанкулоска..

Таа  оствари работна средба со Градоначалникот на општина Дебрца Игор Трајкоски на средбата која се одржа во кабинетот на градоначалникот, на средбата тема на разговор беше пројавениот интерес за взаемна соработка од аспект на безбедноста во оштина Дебарца како и едукација на најмладите во нашата општина.


На средбата беше договорено да се засилат полициските патроли на територијата во општина Дебарца со цел зголемување на безбедноста на жителите на општина Дебарца, исто така беше договорено во склоп на оптинската зграда да биде отворена Полициска Канцеларија во која жителите на оптина Дебарца ќе ги пријавуваат своите проблеми од аспект на безбедноста.

Покрај безбедносниот аспект на состанокот се разговараше за профункционирањето на локалниот совет за превенција во општина Дебарца.

Министерката ја искористи посетата на општина Дебарца да оствари средба со жителите на с.Белчишта каде директно ги запознаа со заклучоциците од средбата со градоначалникот. Исто така жителите имаа можност да и постават прашања на министерката меѓу кои би го издвоиле тоа дали може општина Дебарца да добие сопствени регистерски таблици.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top