Министерот Иво Ивановски во работна посета на Црна Гора

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, денес, 3 октомври 2013 година, ќе престојува во работна посета на Црна Гора.

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, денес, 3 октомври 2013 година, ќе престојува во работна посета на Црна Гора, при што со потпретседателот на Владата на Црна Гора, Вујица Лазовиќ и потпретседателот на Владата на Република Србија, Расим Љајиќ, ќе потпише Спогодба за соработка во областа на информациско–комуникац...иските технологии меѓу трите земји. 

Спогодбата ќе се потпише во рамките на Меѓународниот фестивал за информациски достигнувања „Инфофест“, кој се одржува во Будва.

Со спогодбата, владите на Македонија, Црна Гора и Србија, се залагаат да ја унапредуваат економската, стопанската, научната и техничката соработка во областа на информатичките и комуникациските технологии.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top