Министерот Никола Попоски денес прими делегација од Фудбалската федерација на Република Македонија

Министерот Никола Попоски денес прими делегација од Фудбалската федерација на Република Македонија.

Министерот Никола Попоски денес прими делегација од Фудбалската федерација на Република Македонија, предводена од претседателот на федерацијата Илчо Ѓорѓиоски. На средбата учествуваше и директорот на Агенцијата за млади и спорт Александар Пујовски, како и поранешните истакнати фудбалери Христо Стоичков од Бугарија и Мехо Кодро од Босна и Херцеговина, кои се почесни гости на ФФМ по повод националниот ден на Република Македонија и спортската недела што се одржува во земјава.

Притоа, министерот Попоски истакна дека ваквите посети на истакнати поединци од соседните земји и пошироко, може само да придонесат во јакнење на врските меѓу земјите од регионот и да ја засилат меѓусебната соработка и добрососедските односи. 


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top