Министерот Попоски ќе учествува на Минхенската безбедносна конференција

На конференцијата во Минхен ќе учествуваат повеќе од 300 политички лидери и експерти.

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски од денеска до втори февруари ќе учествува на Минхенската безбедносна конференција.

На конференцијата во Минхен, која е еден од водечките форуми посветени на надворешната и безбедносна политика во глобални рамки, ќе учествуваат повеќе од 300 политички лидери и експерти, кои ќе расправаат за современите безбедносни предизвици и актуелни теми кои се однесувааат на зачувувањето на мирот и безбедноста.

Шефот на македонската дипломатија ќе учествува и на работниот ручек во организација на претседателот на конференцијата Волфганг Ишингер, поранешниот сенатор на САД Сем Нан, поранешниот секретар за одбрана на Обединетото кралство Дес Браун и поранешниот руски министер за надворешни работи Игор Иванов, на кој ќе биде презентиран предлог Извештајот за градење на заедничка безбедност во Евроатланскиот регион.

Попоски ќе има и повеќе средби со учесници на Минхенската безбедносна конференција, соопшти МНР.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top