Министерот Спиро Ристовски ги посети општините Виница и Карбинци

Виница и Карбинци посетени од Министерот за образование и наука..

Министерот за образование и наука Спиро Ристовски денеска беше во работна посета на Виница и Карбинци. Во текот на посетата, се сретна со првите луѓе на општините, Емил Дончев од Виница и Зоран Минов од Карбинци. Министерот Ристовски во Виница заедно со градоначалникот Дончев го посети Основното училиште „Гоце Делчев“, каде за прв пат годинава е воведенаа насока основно музичко образование и првооделенците кои ги посетуваат овие часови.

Исто, така во училиштето ги посети и учениците кои се вклучени во проектот „Биди модерен, селектирај паметно“, кој има за цел да ја подигне еколошката свест на учениците од прво до четврто одделение. Проектот се реализира во соработка со Министерството за образование и наука, чини еден милион денари, а предвидено е да трае една година. Во рамки на посетата на Виница, министерот го посети и средното училиште „Ванчо Прке“. Ристовски истакна дека продолжуваат инвестициите во образованието во Источниот регион.

„Продолжуваме со реконструкција на покривни конструкции и санитарни јазли во повеќе училишта во Источниот Регион. Се продолжува со изградба на веќе започнатите спортски сали во рамки на училиштата, а ќе има и изградба на нови спортски сали“, рече Ристовски.

На средбата на министерот со двајцата градоначалници стана збор и за условите во кои се одвива наставата во четирите основни и средното училиште во општина Виница и основното училиште кое се наоѓа на територијата на општина Карбинци, како и за можностите за подобрување на инфраструктурните услови. Министерот Ристовски денеска се сретна и со наставниот кадар од училиштата од Виница и Карбинци со кој исто така разговараше за актуелните состојби во образованието.

Повеке фотографии од посетите погледнете во галеријата:


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top