Министерот за економија ќе се сретне со претставници на услужната и на трговската комора

Министерот за економија, Ваљон Сараќини, во рамки на проектот „Отворено со бизнисот“, денеска ќе има средба со претставници на услужната и на трговската комора при Сојузот на стопански комори на Македонија..

На средбата, како што најавија од Министерството за економија, ќе се дискутира за стратешката определба за спроведување континуирани, системски реформи со цел создавање на предвидлива бизнис-клима, подобрување на условите на дејствување на деловните субјекти, но и истовремено почитување на  правата и на обврските.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top