Министерство за здравство: Нема да дозволиме недостиг од инсулин

Јавната набавка на инсулин ќе биде распишана на почеток на следната недела и завршени се сите претходни подготвителни работи, информираат од Министерството за здравство..

Од таму посочуваат дека инсулинот, кој е со рок на траење до 30 септември 2018, веќе е потрошен во јули или го има во многу мали залихи во неколку инсулински аптеки.

„Пациентите се снабдени со инсулин во рок. Пациените се снабдуваат со инсулин со количина која се троши во рок од 26 до 30 дена. Од 15 август веќе се обезбедени и ќе се дистрибуираат инсулини „Новорапид“ со рок на траење повеќе од 12 месеци“, потенцираат од Министерството и додаваат дека ги следат потребите на населението и нема да дозволат недостиг од инсулин.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top