Министерството за образование ќе додели 737 стипендии на најдобрите и најранливи средношколци

Паричниот надоместок ќе се движи од 2 до 2700 дененари.

Најдобрите, најранливите, спортистите и талентираните ученици од средните школи, од понеделник ќе имаат право да аплицираат за средношколска стипендија. 737 ученици ќе имаат можност да користат деветмесечен паричен надоместок кој ќе се движи од 2 до 2700 дененари, информира министерот за образование и наука, Cпиро Ристовски.

Министерството за образование втора година по ред ги субвенционира учениците од шест категории, а новитет се ститендиите за ученици од угостителско туристичката струка. Основен критериум е успехот, освоените награди на меќународни и државни натпревари.

- Сметаме дека ова не е доволен број на стипендии, но толку засега се одобрени и ќе се потрудиме тие од година в година да се зголемуваат, изјави министерот Ристовски.

Конкурсот ќе трае две недели. Најпрво учениците ќе треба да пополнат електронска пријава, а потоа да достават и целосна докумантација до министерството. 


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top