Министерството за труд без министер до избори

Министерството за труд и социјална политика ќе функционира без министер до парламентарните избори на 12 април, откако ВМРО-ДПМНЕ до синоќешното распуштање на Собранието не даде нов предлог како алтернатива за разрешената Рашела Мизрахи..

Наследничката на Мизрахи, која беше разрешена од Собранието под изговор дека не го почитува уставното име на јавните настапи, требаше исто така да биде предложена од редовите на опозициската партија како дополнителен технички министер на МТСП.

Ова индиректно го потврди и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прес-конференцијата по распуштањето на Собранието, објаснувајќи го потегот како намера да не се прифаќа играта на техничкиот премиер Оливер Спасовски и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Спасовски и вчера упати јавен апел до опозицијата да предложи наследник за Мизрахи, која заедно со Наќе Чулев на чело на МВР според пржинскиот договор се еинствените двајца министри кој раководат владин ресор при тоа предложени од опозицијата на 100 дена пред изборите. Таа инаку беше отповикана доцна во петокот.

Заменик-министерка Санела Шкријељ ќе го води МТСП до изборите, а потоа до формирањето на нова Влаа овој ресор ќе го раководи редовниот заменик-министер - Ѓонул Бајрактар.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top