Министрите на ДУИ подготвени за оставки - Се чека „Зелено Светло“ од Мала Речица

Се чека „Зелено Светло“ од Мала Речица.

“Доколку таква одлука се донесе од претседателот Ахмети и раководството на ДУИ, секако дека ќе поддржиме еден став. Целата оваа ситуација што поскоро да се реши и да се врати во нормална функционирањето на нашата држава“, изјави Валдет Џафери, Министер за Правда.

Ова не е став само на министерот за правда Валдет Џафери. Истото го велат и останатите министри од ДУИ кои во моментов се дел од извршната власт. За да мрднат работите од мртва точка, тие велат дека се подготвени да поднесат остакви, но за такво нешто чекаат „зелено светло“ од Мала Речица, односно од лидерот Али Ахмети.

Од друга страна, потпретседателот на ДУИ Невзат Бејта тврди дека евентуалните оставки би биле залудни, бидејќи во моментов не е конституирано Собранието. Тоа значи дека законодавниот дом не би можел да ги констатира нивните оставки.

Втората причина поради која Бејта е против оставки, е тоа што не сака целата власт да му ја остави на Никола Груевски и ВМРО-ДМНЕ, кои според него ја втурнале државата во криза.

Но, познавачите на уставното право не се согласуваат со ова. При гостувањето во емисијата Клик Плус, универзитетскиот професор Осман Кадриу изјави дека министрите на ДУИ треба да се повлечат од власта.

За излез од политичка кризата, секоја партија има своја формула. ВМРО-ДПМНЕ вели дека најдоброто решение се нови избори, повикувајќи да се отфрли, како што ја нарекуваат Тиранската платформа, додека од СДСМ велат дека за крај на кризата потребно е Иванов да го додели мандатот за состав на нова влада.
Од изборите поминаа нешто повеќе од четири месеци, а Македонија се уште нема нова влада. Не е избран ниту нов претседател на Собранието, бидејќи во законодавниот дом неколку дена се водат дебати, без да се стави на гласање оваа точка од дневниот ред. Расправата во Собранието ќе продолжи по велигденските празници.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top