Мирни протести во Белград, демонстранти заиграа оро

За разлика од претходните два дена, денес протестите низ Србија се мирни..

Медиумите известуваат дека во еден момент во Белград завладеа весела атмосфера пред српскиот парламент, па демонстрантите се фатија за раце и заиграа оро.

Инаку, и денес дел од демонстрантите беа повоинствени, извикува пароли за Косово и Вучиќ.

Притоа, тие ги провоцираа граѓаните што во знак на мирен протест седеа на земја, но сепак мнозинството опстоја на ставот да се издвојат од насилниците.

Во еден момент некој во толпата фрли и петарда, но другите демонстранти веднаш реагираа.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top