Мирослав Богдановски нов раководител на Инспекторатот на Град Скопје

Итни реформи на градскиот Инспекторат за поголема ефикасност, негова транспарентност и достапност до граѓаните за да биде вистинска алатка преку која граѓаните ќе можат да ги остварат своите права..

Како што информираат од Град Скопје, на оваа позиција Богдановски доаѓа од Агенцијата за просторно планирање, каде што работел 10 години, а една година бил и директор на Државниот инспекторат за животна средина.

Богдановски е магистер по економски науки и долгогодишен активист за заштита на животната средина, активно вклучен во неколку здруженија и иницијативи со искрена желба и амбиција да придонесува за одржлив развој и почиста и поздрава околина.

Тој истакнува дека е потребно да се направи извесна реформа на Инспекторатот, да се зголеми бројот на инспектори, а, како што вели, има потреба да се формира и еколошка или комунална полиција со зголемени надлежности.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top