Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ се врати и е ген во многу Македонци!

Потпретседателот на опозицијата, Владо Мисалјовски, во синоќешното гостување на „Отворено“ на Алфа, се заблагодари на сите луѓе кои го дале својо глас за ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг на претседателските избори..

„Сакам да им порачам на сите луѓе дека ВМРО-ДПМНЕ се врати. Брендот пробаа да го турнат, но никој не може да го направи. ВМРО-ДПМНЕ не е само политичка партија, тоа е ген во многу Македонци. Овојпат луѓето знаат дека првата опција е ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска-Давкова“, истакна Мисалјовски.

Вториот круг на изборите ќе биде на 5 мај, а претседателската трка ја водат Стево Пендаровски и Гордана Силјановска-Давкова


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top