Мисијата на Украина да ја заштити Европа од Русија

Специјалниот претставник на американскиот Стејт департмент за Украина, Курт Вокер, рече дека Киев сé уште не е подготвен да влезе во НАТО, објави Правда..

Вокер истакна дека Грузија има доста поголеми шанси да стане членка на Алијансата, но дека не вреди грузиските власти да мислат дека тоа ќе се случи премногу наскоро.

Тој ја истакна транспарентноста на Тбилиси и придонесот што тој го даде за “глобалната безбедност, неговите реформи во одбраната, борбата против корупцијата и така натаму”.
Изданието уште потсетува дека на 15 септември во Киев, на отворањето на 14-тата годишна средба на Јалтинската европска стратегија (YES), украинскиот претседател Петро Порошенко уште еднаш ја потсети Европа дека Украина ја брани од “руската агресија”. 

Тој е убеден дека историската вокација на неговата земја е да биде источна граница на европската цивилизација. Според Порошенко, Киев ќе бара полноправно членство во Европската унија и во НАТО. “Денес ние сè тука да ја продолжуваме да ја исполнуваме милениумската мисија, да го одбраниме нашиот заеднички европски дом од заканите кои доаѓаат од Исток”, изјави украинскиот претседател.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top