Мистеријата со исчезнувањето на шефот на Интерпол: На сопругата ѝ пратил вознемирувачка фотографија, а потоа исчезнал без трага

Сопругата на исчезнатиот претседател на Интерпол, Менг Хонвеј, Грејс Менг, изјавила денес дека сопругот ѝ пратил фотографија од нож пред да исчезне во текот на патувањето во родната Кина..

Во првата изјава за јавноста за оваа мистерија, неговата сопруга на новинарите во Лион денес им рекла дека верува дека тој, праќајќи фотографија од нож, се обидел да и каже дека е во опасност. 

Грејс Менг рекла дека не била во контакт со него откако и ја пратил пораката на 25. септември.

Според нејзините зборови, четири минути пред да и ја прати фотографијата, од сопругот и стигнала порака: "Чекај го мојот повик".

Грејс Менг вели дека со сопругот не се слушнала од тогаш и дека не знае што му се случило.

Интерпол, чие седиште е во Лион, и официјално вчера побарал од Кина информации за претседателот на таа организација, Менг Хонвеј, кој исчезнал откако дошол во посета на својата татковина Кина.

Во соопштението од Интерпол се наведува дека биле искористени канали за да се побара потврда за статусот на Менг.

Таа организација се надева на официјален одговор на властите во Кина.

Засега Кина не искоментирала ништо, со оглед на тоа дека во таа земја моментално во тек е еднонеделен празник.

Франција отворила истрага за тој случај и соопштила дека Менг се качил во авион за Кина, но дека е непознато што се случило со него по доаѓањето во земјата.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top