Мистериозна болест ги напаѓа американските дипломати во светот, слушаат чудни звуци

Американскиот Стејт департмент повлекол уште најмалку двајца Американци што се разболеле во Кина кога почнале да слушаат чудни звуци, пишува „Њујорк тајмс“..

Стејт департментот не бил веднаш достапен за коментар за двата најнови случаја.

Лекарски тим отпатувал во кинескиот град Гуангжу за да ги прегледа дипломатските претставници од американскиот конзулат и нивните семејства, пишува њујоршкиот дневен весник.

Досега 24 дипломати и членови на нивните семејства, кои работеле на Куба, и една вработена во Кина, забележале невообичаени симптоми на чудна болест, објави претходно Стејт департментот. Нивните симптоми се слични на оние од потрес на мозокот или помали мозочни оштетувања.

Државниот секретар, Мајк Помпео, во вторникот објави соопштение во кое се вели дека Стејт департментот формирал работна група со цел да се реши прашањето за необјаснетите здравствени инциденти.

„Уште не е утврдена точната природа на проблемот од кој страдаат нашите дипломати, односно не се знае дали проблемите кај сите се предизвикани од исти причини“, посочи Помпео.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top