Мистериозна болест владее меѓу швајцарските војници, 40 во болница, четворица критично

Повеќе од 40 војници и регрути од воената академија во централна Швајцарија завршија во болница, одеднаш се разболеа. Четворица се во критична состојба..

Швајцарското Министерство за одбрана наведува дека 43 лица од Академијата „Јасбах де Линден“ во кантонот Берн вчера одеднаш добија дијареја и повраќање.

Портпаролот на армијата рече дека четири лица се во критична состојба.

Додека властите се обидуваат да ги идентификуваат причините за епидемијата, кантонот Берн ја стави академијата во карантин.

Военото училиште е специјализирано за обучување за одбрана од хакерски напади.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top