Митрев за Сител: Се обидував да му помогнам,го избра најлошиот пат,нека сноси одговорност

Пробував да му помогнам, но беше тргнат по погрешен пат..

Нека си ја сноси одговорноста, вели кардиохирургот Жан Митрев, откако германските медиуми објавија дека на неговиот син Филан, му се суди за тероризам.

„Додека беше малолетен, пробував да му помогнам колку тоа беше можно од далечина на 2 000 километри. Но, беше тргнат по погрешен пат и пред 6 години се прекина контактот. Тој сега е 25 години и ако се огрешил пред законот ќе си ја сноси одговорноста. Многу ми е жал што како млад човек со сите можности, избрал најстрашен и најбесмислен пат во неговиот живот“, изјави кардиохирургот Жан Митрев, за Сител.

Филан Митрев е обвинет за тероризам откако во ноември лани со уште двајца осомничени биле откриени дека подготвуваат самоубиствен напад во угостителски објект.

Информацијата за обвинетиот терорист од Македонија, кој со уште две лица од Турција беше уапсен во ноември лани, го привлече вниманието на македонската јавноста, откако на 2 септември започна судскиот процес во Германија, а германските медиуми пренесоа дека татко на Филан М., е сопственик на клиника за кардиохирургија во Македонија.

„Осомничениот влезе во судницата облечен според салафистички бизнис дрес-код. Со сива јакна, бела маица, долга и бујна брада која не може да ја покрие ниту една заштитна маска. Носеше црни панаталони и кожни обувки. Сликата ја заокружуваа металик-сребрените лисици. Филан М. ваква мода може да си дозволи, бидејќи неговиот татко е сопственик на клиника за кардиохирургија“, пишува Франкуфуртер Рундшау, весник кој го следи судскиот процес.

Според германиските медиуми, Филан пред неколку години ја променил верата и сега е дел од радикалниот ислам и припадник на џихадистите.

Тој и претходно се соочил со германскиот правосуден систем кој му пресудил две и пол годишна затворска казна за изнуда и физички напад.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top