МКУД „Александар Македонски трети“ и „Гоце Делчев“ одржаа заедничка игранка по повод 8ми септември

Достоинствено презентирање на Македонската култура во Мелбурн..

Македонско Културно Уметничките Друштва „Александар Македонски трети“ и „Гоце Делчев“ по повод 8ми септември -државниот празник на Република Македонија ја одржаа заедничката игранка.

Манифестацијата се одржа во просториите на Црковната сала при Црковната Општина „Св. Злата Мегленска“ во Хоперс Кросинг.

Двете друштва  се преставија со своите играорци за што почесто добиваа аплаузи за прикажаниот настап.

На ваков достоинствен начин играотното дрштво  „Александар Македонски Трети“ и минатата година традиционално го одбележа државниот празник 8ми септември. 

Според зборовите на Престедателот на МКУД  „Александар Македонски трети“ г-дин Јане Мавчев дознаваме дека активностите ке се зголемат оваа и наредната година со цел да се соберат што повеќе финансии за да се посети родниот крај на кој играорната група  „Александар Македонски трети“ ке патува во Македонија наредниот месец јули.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top