Младиот професор по музика, Владе Јованоски, ја промовира својата прва песна

Младиот пејач Владе Јованоски, кој живее и работи во Мелбурн, Австралија, периодов престојуваше во Македонија, а целта беше промоција на првата негова песна..

Владе, кој е и професор по музика, го чекаше вистинското време за да влезе во студио и со проверен тим ја сними првата песна, „Ништо или се“.

– Имам 24 години и сега почуствував дека е вистинско време да се влезе во студио и да се сработи моето првенче. Музиката ја сакам од мали нозе, посветен сум и на неа целосно, но важно ми беше, откако ќе одлучам да снимам нешто свое, а со тоа да оставам белег на нашата сцена, внимателно да го изберам тимот со кој ќе соработувам, вели Владе.

Песната, која е со модерем призвук, е комплетно авторско дело на двоецот Борче Нечовски и Дејан Момироски, додека пак спотот се работеше во соседна Бугарија со Љуси Иларионов, човекот кој прави спотови за најголемите бугарски и балкански ѕвезди.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top