Многу брзо според Уставот и Деловникот ќе има спикер и влада

Многу брзо, според Деловникот, Иставот и законите парламентарното мнозинство од 67 пратеници ќе го избере новиот собраниски спикер, а потоа и реформската агенда на новата Влада, потенцира СДСМ..

Оттаму велат постои легитимно формирано парламентарно мнозинство коешто е власт во државата, зад кое што стојат најмалку 700.000 граѓани кои избрале промени на режимот.

– Тоа мнозинство има обврска да ја спроведе граѓанската волја. Исто така има обврска да ги спречи деструктивнте политики на Ѓорге Иванов и на Никола Груевски, што за криминални интереси на Груевски и тесното раководство на ВМРО-ДПМНЕ ја загрозуваат стабилноста на државата и квалитетот на живот на граѓаите, се вели во соопштението на СДСМ.

Оттаму тврдат дека било очигледно дека недостига здрав разум, штом Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ уште се надеваат дека се некаков фактор во политичките процеси.

– Груевски напразно моли да седне на преговарачка маса. Амнестија нема! Ќе има правна држава којашто ќе важи за сите граѓани подеднакво. Груевски нема право да нуди 51 избран пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, како да се негова лична своина. Прво, парламентарно мнозинство веќе постои и тоа никој не го бара од него! А и дали некои од опозициските пратеници на ВМРО-ДПМНЕ ќе најдат здрав разум и ќе ги поддржат реформите по формирањето на новата реформска Влада, исто така не зависи од Груевски, се вели во соопштението на партијата.



Copyright 2016 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top