Многу пари за Хрватскиот фудбалски сојуз

Победите и добрите игри на хрватската репрезентација секако дека ќе донесат многу пари во касата на Хрватскиот фудбалски сојуз. За пласманот во полуфиналето сумата изнесува 22 милиони долари..

На оваа сума треба да се додадат уште 1,5 милиони за трошоци од ФИФА, што значи 23,5 милиони долари. Евентуална победа над Англија ќе донесе дополнителни шест милиони, а ако Хрватска стане светски првак таа сума ќе достигне 39,5 милиони долари.

Секако тука е втората варјанта ако Хрватска заврши како трета сумата ќе биде 25,5 милиони долари.

Според хрватскиот дневен весник „Јутарњи лист“ премиите за фудбалерите и стручниот штаб ќе бидат одредени по завршување на Мундијалот за да не се нарушува атмосферата во екипата.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top