МНР со вербална нота до грчкиот амбасадор за завршените уставни измени

МНР соопшти дека ја информирале Канцеларијата за врски на Грција во Република Македонија дека се исполнети внатрешно правните услови за влегување на сила на Конечната спогодба и измените во Уставот..

Министерството за надворешни работи на Република Македонија, на шефот на Канцеларијата за врски на Грција во Република Македонија, му беше предадена Вербална нота со која, согласно членот 20 став 3 од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) И 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите Нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 г. и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните (Конечната спогодба) се информира грчката страна дека во Република Македонија се исполнети внатрешно правните услови за влегување во сила на Конечната спогодба и дека Собранието на Република Македонија на 11 јануари 2019 г. ја усвои Oдлуката за прогласување на амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV, XXXVIна Уставот на Република Македонија и Одлуката за прогласување на уставниот закон за спроведување на амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top