Модриќ може да замине во Интер: Перез ја соопшти цената

Изминатите денови наголемо се пишува дека најдобриот фудбалер на Мундијалот во Русија може летово да ја промени клупската средина..

Екипата на Интер е сериозно загреана да го види во сопствените редови Лука Модриќ, а стигна и одговорот од Реал Мадрид. Првиот човек на „кралевите“ Флорентино Перез ќе се согласи да го продаде Хрватот, но само под еден услов.

„Единствен начин Лука Модриќ да си замине од Реал е некој да плати 750 милиони евра“, кратко изјави Перез.

Секако ова е нереална цена која нема шанси никој да ја плати, што алудира на тоа дека тимот од „Сантијаго Бернабеу“ нема намера да се раздели од играчот за врска.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top