Могерини: Цврсто стојам на ставот дека Северна Македонија треба да добие датум во јуни или јули

Како што рече таа, ова ќе им го препорача на сите министри за надворешни работи на земјите членки на ЕУ во текот на наредната недела..

Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини, денеска од Брисел порача дека останува цврсто на ставот оти Северна Македонија треба заедно со Албанија да добие датум за почнување на преговорите во периодот јуни-јули.

„Република Северна Македонија е единствена во регионот што ги има затворено сите прашања со соседите, во која функционираат институциите и во која постои определба и волја и во која се работи на исполнување на реформските процеси“, посочи високата претставничка на Европската Унија.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top