Могерини: Сè потешко е да се сочува иранскиот нуклеарен договор

Министрите од петте светски сили кои го поддржуваат иранскиот нуклеарен договор од 2015 година и Иран одржаа средба, по која соопштија дека се обидуваат да ја одржат спогодбата..

Сепак, тие забележуваат дека на договорот му недостасува клучнниот елемент за глобално неширење на нуклеарното оружје.

Шефицата за надворешни работи на Европската унија Федерика Могерини прочита куса изјава во име на министрите од Кина, Русија, Велика Британија, Франција, Германија и Иран по средбата одржана зад затворени врати.

На прашањето дали е воопшто можно да се сочува договорот, таа рече дека нема да крие оти тоа е сè потешко да се направи и дека за тоа разговарале на средбата.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top