Могерини следната недела ќе се обрати во македонското Собрание

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, следниот четврток ќе се обрати пред пратениците во Собранието на Република Македонија..

Според тековните информации, ден пред неа во земјата ќе допатува и еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан. 

Доаѓањето на двајцата дипломати ќе биде непосредно по презентирањето на извештајот на Европската комисија за Македонија, кој треба да биде објавен на 17 април.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top