Могерини: За Западен Балкан на Советот на ЕУ во декември

Шефицата на европската дипломатија , Федерика Могерини , најави дека министрите за надворешни работи ќе ја разгледуваат состојбата во Западен Балкан на наредниот состанок на Советот на ЕУ во декември..

Могерини , по дебатата на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ за состојбата во БиХ , најави дека шефовите на дипломатите ќес е навратат на состојбата во БиХ во декември , но и на целиот регион на Западен Балкан . Таа оценува дека од денешниот миниостерски состанок на Босна и се испратени три важни пораки.

,,Прво е повик да се гормира што побргу Влада , бидејќи изборните резултати се официјални. Второ е 100 проценти да се фокусираат на реформската агенда , која граѓаните на БиХ , а особено младите ја очекуваат , а што е поврзано со европската перспектива на земјата. Исто така , БиХ треба да се фокусира на реформи во изборниот законик и загриженоста што од тоа произлегува.” оцени Могерини.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top