Могерини: Западен Балкан е дел од иднината на ЕУ

Погоден момент е за постигнување промени за да се направи неповратен напредок на земјите од регионот кон ЕУ, порача високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини, која на 17 и 19 април ќе престојува овие простори..

Таа истакна дека Западен Балкан е Европа и дека ќе биде дел од иднината на Европската Унија – посилна, стабилна и обединета Унија.

„Тоа е прашање на заеднички интерес и заеднички одговорности што ги делиме со земјите од регионот во корист на сите наши граѓани“, рекла Могерини, се наведува во соопштението на Европската служба за надворешни работи.

Шефицата на дипломатијата на ЕУ ќе престојува во земјите од Западен Балкан од 17 до 19 април.

„Таа ќе ги посети Албанија, Македонија, Црна Гора и Србија. До оваа посета доаѓа по расправата за Западен Балкан во Советот за надворешни работи на 16 април во Луксембруг и усвојувањето на пакетот за проширување, кој таа ќе го претстави заедно со комесарот Јоханес Хан во Стразбур на 17 април“ се наведува во соопштението.

Могерини доаѓа во регионот и по усвојувањето на стратегијата за Западен Балкан, а еден месец пред самитот на ЕУ-Западен Балкан, кој е закажан за 17 мај во Софија.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top