Мојс: Ќе има нови играчи

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојс е убеден дека ќе успее да го засили тимот до крајот на летниот преоден рок..

До овој момент "црвените ѓаволи" го привлекоа само младиот Гилјермо Варела, но шампионите го испуштија Тиаго Алкантара, а сега удараат и на камен при обидот да го привлечат Сеск Фабрегас. "Мислам дека, сепак, ќе привлечеме играчи, пред рокот да истече. Ќе дојдат такви. Работиме на ова прашање, но ако не прашате дали сме блиску до некого, не можам да ви одговорам. Јас сум смирен - имаме многу добар состав, а овие играчи ја освоија титулата минатата година ", изјави Мојс.

Запрашан конкретно за евентуалниот трансфер на Цеск Фабрегас, Мојс одговори: "Навистина не можам да кажам ништо за тоа. Ќе привлечеме некои играчи пред рокот да заврши."



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top