Moќен Ѓоковиќ: Србинот го „прегази“ Надал за седма титула на Австралија опен

Новак Ѓоковиќ е шампион на Мелбурн..

Уште еднаш – по седми пат со што стана првиот тенисер кој по седми пат го освои турнирот Австралија опен. За потсетување, по шест титули имат Роџер Федерер и Рој Емерсон. Првиот рекет во светот за два часа ја заврши работата против својот прв конкурент и најголем ривал. Србинот и тоа на каков начин стигна до нова пехар, доминантно против Рафа Надал во три сета со 6-3, 6-2 и 6-3.

Ова за Ѓоковиќ беше 28. победа во меѓусебните дуели со Шпанецот (Надал има 25), но и победа со која Новак се изедначи со споменатиот ривал по бројот на победи во финалињата кои ги играле еден против друг (4-4).

За Ноле ова беше 15. Грен слем титула во кариерата и трета во низа, па во Париз ќе може да го повтори успхот од 2016 годна кога во ист момент ги држеше сите најголеми пехари во своја сопственост.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top