Моќен говор на Д-р Љупчо Ристовски од Аеродром

ИНТЕГРА одржаа митинг во населбата Аеродром во Скопје..

ИНТЕГРА - Македонска Конзервативна Партија оваа среда одржаа митинг во Аеродром, Скопје, каде претседателот на партијата Д-р Љупчо Ристовски го одржа најмоќниот говор до сега.

Ристовски посочи дека голем број од младите луѓе ја напуштија Македонија поради корумпираното владеење на СДСМ и ДПМНЕ, а како резултат многу постари луѓе страдаат и умираат од осаменост.

„Око не им трепнува за својот народ, кко не им трепнува за никого од вас, а вие и понатаму размислувате дали да го дадете гласот и доверието на нова политичка сила која раѓа нова надеж на политичката сцена, која нуди нова визија, која ја нуди новата Македонска ренесанса, која што цели вас да ве крене. Многу се едноставни столбовите на ИНТЕГРА, кога велиме вредносна идеологија, вредносниот принцип на кој што илегуваме на политичката сцена е вистината. Од тука вистината е таа што ослободува. Ќе го ослободеиме Македонецот од робството на умот да робува постојано на тие тортури и навики кои што 30 години не држат на ивица на провалија, а се надеваме дека тие што не втурнале ќе не вратат назад и ќе ни го подобрат животот“, изјави лидерот на ИНТЕГРА - Македонска Конзервативна Партија, Д-р Ристовски.

Погледнете го видеото од целиот говор:



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top