Моќна европска држава ќе му помага на Ердоган: Не биле секогаш во љубов, па сега постои еден услов

Откако е објавено дека Катар понудил да вложи 15 милијарди долари во турските банки и пазар и така да им помогне да се извлечат од инфлацијата и економската криза, рака на спас на Анакара и понудил и Берлин..

Германската канцеларка Ангела Меркел го потсетила турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган дека има потенцијален сојузник во Европа. 

Бидејќи Ердоган бара начин да ја заштити турската економија од судирот со претседателот на САД, Доналд Трамп, тој и германската канцеларка разговарале во средата да организираат состанок на министрите за финансии на двете земји.

Додека Берлин не нуди никаква финансиска помош, разговорот на двајцата лидери покажува колкав е влогот на двете страни, а уште еднаш Германија ја покажала својата надмоќ како најголема економија во Европа.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top