Момче се обеси во Паркот од Могилата во Прилеп

Синоќа, околу 22 часот, во Паркот од Могилата во Прилеп, од случаен минувач пронајдено е безживотното тело на 18-годишниот Никола Јорданоски.

Според првичните, неофицијални информации, најверојатно момчето само си го одзело животот со бесење, а причините заради кои се одлучило на тоа, се уште не се познати.

Веднаш по пријавата екипите на Службата за итна помош пристигнале на местото на трагедијата, но, за жал, тие само ја констатирале смртта.Со цел утврдување на причините поради кои дошло да трагичниот настан, увид изврши и истражен судија.

Како што соопштува телевизијата, повикувајчи се на неофицијални извори, Никола претходно не покажувал некои посебни знаци на психичка неурамнотеженост кои евентуално би довеле до ваквиот суициден чин.

Инаку, за период од од само неколку месеци, во Прилеп, ова е трет случај на самоубиство со бесење. Претходно, на истиот начин во месец април животот го загубија 58-годишна жена и 25-годишна девојка, а во јуни имаше и еден неуспешен обид на 35-годишен затвореник од прилепскиот затвор кој беше спасен во последен момент.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top