„Монструм“; Одбраната бара обесштетување на обвинетите

Случајот Монструм сега започнува од почеток.

По речиси шест години поминати во затворите во земјата, обвинетите од овој случај, ќе имаат можност да се бранат на слобода. Но, според одбраната за времето што го поминеле во затвор, тие треба да се обесштетат.

“Секако, како во случајот Сопот така и во овој случај ќе побараме обесштетување за годините што ги поминале во притвор без никаква вина. Само предуслов за ова барање е знаете дека е пресудата да биде правосилна а јас сум убеден дека тие не се виновни и дека ќе биде исходот ќе биде таков што тие ќе бидат ослободени од ова обвинение“, вели адвокатот Насер Рауфи.

Според Рауфи, по ослободувањето од затвор на осудените во случајот Монструм, очекува праведен судскиот исход и за учесниците во организираните протести за овој случај.

“И за овој процес има само обвинение, но немаше притвори. Како и во случаите Сопот и Монструм и овде на сцената имавме монтирани случаи, па се надевам дека и за нив владеењето на правото ќе стапи на сила”, додава Рауфи.

За целосно расветлување на случајот, одбраната смета на меѓународна поддршка, со чија помош побрзо би дошол до праведен судски исход и вистинските актери на грозоморното убиство ќе бидат изведени пред законот и ќе ја добијат заслужената казна.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top