Мора да се превземат мерки за заштита на македонската музика

Самиот македонски врв треба да се погрижи за заштитата и зачувувањето на македонската песна од соседите, вели во интервјуто дадено за ИН тв, доајенот на македонската фолк песна Наум Петрески..

-Ние пејачите немаме своја асоцијација, немаме свое здружение. Едно време се грижевме за тоа нешто да се направи да се среди, меѓутоа сите ние сме инертни некако. Некој повеќе се трудеше, некој воопшто не се трудеше, да се постават некои стандарди. Можеби помладите ќе направат нешто, за кое мојата генерација не успеа да го направи, за жал. Композиторите па се друга приказна, тие си имаат своја асоцијација ЗАМП и тие се заштитени, па се знае тоа на кој начин функционира, додава Наум.

Сепак тој смета дека ваквото прашање за заштитата на македонската песна, треба да се постави на повисоко ниво, конкретно преку Министерство за култура кое понатака треба да го достави пред Владата која како најповикана ќе треба да направи некои мерки за заштита.

-Тие мерки не се нешто посебно. Тоа е соодветна програма, со оглед на тоа што македонски пејач не може да се постави надвор од нашата земја, како што тие се поставуваат во нашата земја. Треба да се види како се брани својата песна и интегритет, додава Наум.

Како што додава , македонската музика ја прифаќаат како совршенство и доста тешка во споредба со нивната но не им значи нешто кога македонски пејач ќе отиде во нивната земја да гостува. Слична е и ситуацијата со финансиските средства, со оглед на тоа што нашите пејачи се послабо платени за разлика од соседите кои доаѓаат и гостуваат во нашата земја.

Извор: Естрада Плус


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top