Москва го обвини Киев дека се подготвува за нова војна

Русија ги обвини украинските власти дека се подготвуваат за нова војна, откако парламентот во Киев усвои закон за реинтеграција на Донбас, кој го посочува вооружениот конфликт во источниот дел на земјата како „привремена руска окупација“.

„Од моментот на неговото одобрување на прво читање, на 6 октомври минатата година, овој документ претрпе познати корекции, но ја задржа главната цел – да поддржи законска линијата на Киев за решавање на „проблемот со Донбас“ по пат на сила“, се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.

„Во пракса Порошенко добива неограничени, блиски до диктаторски, овластувања за потиснување на неистомислениците и незадоволните. Ова може да биде дефинирано само како подготовка за нова војна“, изјави руското МНР.

„Во законот се вели категорично дека Русија вршела криминален акт на агресија против Украина“, се посочува во коминикето. „Фактички Киев се обидува да ја отфрли одговорноста за разурнувањата и страдањата, кои носат на народот избезумените активности на украинските власти и да ја префрли вината на Русија”, се наведува во соопштението и се забележува дека усвојувањето на законот е совпаднат со објавената од Вашингтон подготвеност, да и достави на Украина смртоносно оружје.

„За жал, сведоци сме како се создава ситуација во која постои опасност од ескалација на тензиите во Украина со потенцијално непредвидливи последици за општиот мир и безбедност“, предупредува Министерството за надворешни работи.

„Киев го погребува постигнатите во Минск договори и сите постоечки механизми за пронаоѓање на взаемноприфатливо решение за надминување на украинската криза, вклучувајќи „нормандискиот формат“, се вели во коминикето, цитирано од агенциите.

Конфликтот во источна Украина започна по соборувањето на прорускиот претседател Виктор Јанукович.

Повеќе од 10.000 луѓе загинаа во април 2014 година. Договорите од Минск, потпишани во февруари 2015 година со посредство на Русија, Франција и Германија, дозволија намалување на интензитетот на борбите, но не доведоа до политичко решение на конфликтот, потсетува АФП.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top