Мотивациски говор на Д-р Снежана Џамбазова-Попорданоска во Канбера

Мотивацискиот говор насловен „Да се живее поинаку“ ќе се одржи во сабота, на 23ти ноември со почеток во 11.00 часот претпладне во Македонскиот Центар Свети Пророк Илија во Квинбијан..


Предавањето ќе биде збогатено со читање на неколку прекрасни поетски творби, музика и ручек. Влезот е бесплатен. Во оваа прилика самаке да изразиме благодарност то организаторот на ова предавње Македонското Литературено друштво „Ванчо Николески“ од Квинбијан, како и претседателот на ова друштво Наум Трајчески, Македонската црковна заедница од Квинбијан, Македонската православна црква и Културно просветен центар Свети Климент Охридски од Канбера, фолклорната група „Разиграна Македонка“ и фудбалскиот клуб „Квинбијан Сити“ од Квинбијан.

Темата на предавањето е да научиме да живееме поинаку, целосно да го уживаме животот и да бидеме среќни  во секој миг од животот, бидејќи најважната цел во животот е да постигнеме потполно внатрешно задоволство, мир, радост и благосостојба.

Предавањето ќе го одржат Др Снежана Џамбазова –Попорданоска и Др Емил Попорданоски. Д-р Снежана Џамбазова-Попорданоска е авторка на две книги. Првата книга беше издадена на англиски јазик во 2012 година во Мелбурн со наслов „72 Научно базирани активности за развој на социјалните и емоционалните вештини на децата“. Оваа книга претставува одличен практичен прирачник за родители, наставници и психолози кои сакаат да ги подобрат емоционалните и социјалните вештини на децата. Оваа книга ја користат повеќе училишта во Австралија како дел од наставната програма, детски психолози, како и многу родители ширум светот.

Втората книга насловена „Да се живее поинаку“ е базирана на најновите научни сознанија во областа на Психологијата и личниот развој. Оваа книга претставува комплетен прирачник за животот кој лесно може да се разбере и да се практикува. Напишана е на едноставен и разбирлив јазик кој му овозможува на читателот целосно да ја разбере суштината на животот. Сите значајни животни прашања се одговорени во детали за да му овозможат на читателот не само да ги разбере и интернализира, но и да биде

инспириран да почне да го живее животот поинаку - со радост и ентузијазам. Книга што нѐ потсетува дека љубовта и мирот се суштината на секое човечко битие.

Д-р Попорданоска е исто така основач на интернацоналната невладина организација за личен развој и животна едукација " Another Way " со седиште во Мелбурн. Таа заедно со својот сопруг им помага на луѓето ширум светот да го пронајдат патот кон просветлувањето, кој се постигнува со себе-спознавање како и целосно интегрирање на умот, телото и духот. Овој пат кон нашето внатрешно богатство, како што вели Др Попорданоска, е отворен за сите оние кои ќе одберат да го чекорат.

Повеќе информации за нивната работа можете да најдете на веб страната: https://anotherwayeducation.org


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top