МОЖЕМЕ ДА ГО ЗАБАВИМЕ СТАРЕЕЊЕТО, НО НЕ И ДА ГО СОПРЕМЕ

Процесот на стареење е константа во животот која ја искусува секое живо битие на планетата.

Со генерации, многумина се обидувале да се изборат против тоа. Сепак, студија покажува дека математички е невозможно да се одрече штетата од стареењето во многуклеточните организми. 

Една популарна теорија потенцира метод кој може потенцијално да го спречи стареењето со искористување на природната селекција. Се поставила хипотеза дека ако здравите клетки во телото се зачуваат, додека помалку здравите клетки што се поврзани со стареењето се отстранат од равенката, луѓето би можеле да останат млади засекогаш. За жал, нова студија истакнува дека ова не е можно. Дури и ако телото биде истренирано да се ослободува од клетките што ја губат својата функционалност, постојат други одредени клетки кои се размножуваат на повисоко ниво кај постарите луѓе, што доведува до зголемен ризик од рак. 

Истражувачите тврдат дека сите би развиле канцерогени клетки во одреден период од животот, дури и ако никогаш не прикажеме какви било симптоми. Проблемот е во тоа што клетките не играат баш фер кога се работи за природната селекција. Како што старееме, повеќето од клетките ја губат функцијата и престануваат да растат, но некои растат екстремно. Па, дури и ако се ослободиме од клетките што стареат, им овозможуваме на другите да се формираат во канцер. 

Според најновата студија, стареењето е неизбежен дел од животот на многуклеточниот организам. Сепак, голем број проекти активно бараат начин за да се одолжат ефектите што ги предизвикува времето. При експерименти спроведени врз инсекти се успеало да се уништи оштетената митохондрија и да се отстрани од клетките. Со ова научниците се надеваат дека ќе го забават процесот на стареење, а со тоа и на болестите, како Паркинсоновата. 

Сепак, процесот на стареење е одлука помеѓу забавените клетки или размножените канцерогени клетки, па од тоа зависи дали овие третмани ќе бидат успешни во практика. Решавањето на еден проблем може да доведе до изложување на телото на друга форма на деградација. 

Други сметаат дека најдобар метод за да се забави процесот на стареење е да се напушти нашата органска форма и да се свртиме кон технологијата, односно кон креирање механичко тело. Сепак, тука се поставуваат низа прашања, како на пример постоењето на свесноста. 


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top